Неодамна, македонскиот моден бренд Лудус, ја лансираше последната колекција со наслов „Пост-родовост – Поглавје II“. Промоцијата беше целосно дигитална, со оглед на новонастанатата ситуација со пандемијата КОВИД-19 и се состоеше од видео каталог што беше сниман на крајот на февруари во Музејот на современа уметност во Скопје.

Колекцијата ги разработува темите започнати со првиот дел и е подлабоко истражување во идеологијата за општество сместено во иднината, каде родовите улоги се целосно избришани. Односите меѓу половите, социо-политичките прашања и други философски погледи на пост-родовоста, се постојан извор на инспирации за дизајнерот. Покрај тоа оваа колекција е заснована на апстракнти теми како насилството и психичката абразивност, како и делата и „анархитектурата“ на Гордон Мата Кларк.

Второто поглавје се состои од 24 целосни изгледи и над 50 парчиња облека со што е досега најголема колекција од брендот. Изработена е од природни материјали како памук, свила, лен и памучен сатен во препозатливите издолжени силуети, во монохромна палета разбиена со лаванда и маслинеста боја.

Новитет овој пат е играта со поставувањето на патентите кои при нивната фукција го трансформираат парчето и силуетата.

Главните производи на Лудус се памучните кошули, панталоните и мантилите и тие ја продолжуваат приказната започната со претходните колекции истовремено подигајќи го квалитетот на продуктот со неочекувана моделарска база и недекоративни функционални елементи.

Лудус се заблагодарува на Музејот на Современа Уметност – Скопје за отстапениот простор за фото и видео кампањата за „Пост-родовост II“. Фотографиите и видеото вклучуваат уметнички дела од изложбите „Се што ни е заедничко“ и „Скопје одново (во прогрес)“

Колекцијата може да се најде на веб продавница на Лудус ludus.com.mk,
во концептуалната продавница Пентља во Љубљана и онлајн продавницата Утопиаст.

ЛУДУС e модна етикета што е обврзана на работа исклучиво со природни материјали како памук, волна, свила, лен и рециклирана кожа, водејќи сметка за животната средина при производиствениот цилкус со минимално количество или нула отпад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.