Дваесет и петгодишната Андреа Иванова од Софија, Бугарија се надева дека ќе постигне нов рекорд со кој ќе си ја поткрепи самододелената титула за носител на најголемите усни во светот. Таа неодамна заврши во медиумите откако откри дека платила околу 1.600 фунти за еден филер.

Својата трансформација ја започнала во 2018 година, кога во обид да заличи на куклите Bratz, почнала да си ги полни усните, вилицата и брадата со филери.

Андреа пред операциите

Вели нема намера да застане тука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea88476)

Моите усни сè уште не се доволно големи и сакам да станат уште поголеми. Ставам нови филери секој месец, а не можам ни да избројам колку пари сум потрошила за тоа вкупно, вели таа.

Поранешната студентка по филозофија сподели и дека неколку различни клиники одбиле да ѝ вбризгаат повеќе филери, предупредувајќи дека секоја понатамошна интервенција може да биде и последна за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea88476)

И покрај негативните коментари на интернет, 25-годишната девојка вели го сака својот изглед.

Не се грижам за туѓите коментари, бидејќи имам свој вкус и свои ставови за убавината и се држам до нив. Секој човек треба да биде задоволен од сам себе, без страв или грижа за мислењата на другите, бидејќи смислата на животот е да се биде среќен, додаде таа, пишува „Дејли Мејл“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.