Дева Касел, 16-годишната ќерка на Моника Белучи (56) и Венсан Касел (54), се појави на насловната страница на француското издание на магазинот „Eл“.

Славната италијанска актерка не крие колку е горда на својата ќерка, па насловната страница на која се појавува Дева ја објави и на својот инстаграм-профил.

Уште една прекрасна насловна страница оваа недела за мојата Дева –  напиша Моника под фотографијата.

На Дева многумина ѝ предвидуваат успешна кариера на модел, а славното дизајнерско дуо „Долче и Габана“ ја прогласи за своја муза.

Дева има уште една насловна страница за престижното модно списание, чие издание го красеше во октомври 2020 година.

Поранешните сопружници Моника и Венсан од својот брак покрај Дева ја имаат и помладата ќерка Леона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.