Застрашувачки фотографии на унаказени Србинки кружат на социјалните мрежи. Сите тие после таканаречениот бразилски естетски зафат добиле страшни красти, изгореници и лузни кои не поминуваат. Една од нив за „Нова“ раскажа дека доживеале таков пекол, така што правдата сега ќе ја бараат на суд.
Кога после сè нè прегледаа лекарите, ни рекоа дека изгорениците ни се како од пожар, ја започнува својата приказна белграѓанката која имала голема несреќа со ласерското намалување на носот.
View this post on Instagram
Таа со уште четири жени кои поминале низ истото направиле инстаграм-профил на кој објавуваат фотографии од унаказената изгорена кожа со красти, со цел да ги предупредат сите.
View this post on Instagram
Сите ние за Олгица Маркановиќ дознавме преку „Инстаграм“, каде што таа објавуваше видеа од третманите, но и преку една наша популарна пејачка ѕвезда, која ја рекламираше на социјалните мрежи. Исто така, видовме дека Олгица пред две години е прогласена за жена-претприемач на годината. Видовме и шминка на жени кои раскажуваа дека се задоволни после нејзиниот третман, но ни една од нас тогаш не обрати внимание дека снимките се замаглени и дека се користени филтери, се сеќава оваа несреќна жена како се започнало изминатата есен.
View this post on Instagram
Но, се покажало, како што вели соговорничката, дека аместо да прави намалување на носот како што објаснува на „Инстаграм“, Олгица правела третман со плазма.
Проблемот е во тоа што според законот во Србија овој зафат може да го прават само лекар или медицинско лице, и тоа во специјализирана ординација. Ние подоцна дознавме дека таа воопшто не е лекар, како што се претставувала. Проблемот е и што таа обучувала и други да работат на тоа. Не се вадат четири слоја кожа како што правеше таа на сите нас. Јас отидов на ласерско намалување на носот и платив за третманот 1.700 евра. Цената на третманот кај неа се движи од 1.000 до 2.000 евра. А добив изгорено лице, лузни кои ќе ми останат, раскажува таа.
View this post on Instagram
После откако паднаа крастите, видов дека има лузни. Таа ми кажа да дојдам на корекција. И после корекцијата, лузните беа уште поголеми. Потоа се обратив на адвокат и судски вештак. И тој и дерматолог рекоа за мене и за другите жени дека сме како да сме поминале низ пожар. Таа трајно ни го уништи лицето, толку многу што ќе бидеме склони на канцер бидејќи нашата кожа на тој дел веќе нема заштитен слој. Тие лузни ќе бидат видливи до крајот на животот можат да се санираат само 70 %, вели белграѓанката за „Нова“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.