Поранешната Плејбој манекенка, Јана Расказова (29), починала откако добила напад на гушење за време на детоксикација во нејзиниот дом во Русија по „неколкудневната забава“, пренесува „Дејли мејл“.

Полицијата води истрага за ненадејната смрт на Расказова, која колабирала и починала во нејзиниот дом.  Според извештаите, лекарите стравуваат дека „некомпатибилниот лек“ што го користела за детоксикација, предизвикал состојба на задушеност.

Расказова освен за „Плејбој“, позирала и за руски списанија. Таа исто така била познат Диџеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.