На гастрономскиот натпревар Best cook fest- Podillia во Украина, се вееше знамето на Македонија, а тимот на Гастромак доби златна, сребрена и две бронзени медали.

Игор Каспер Атанасов и Благоја Велковски добија награди, а Весна Тодоровска- Алачковска го имаше ангажманот, заедно со Игор, како меѓународен судија.

Благоја Велковски

Благоја Велковски освои злато за риба и бронза за модерна кујна и за ова искуство вели:
– Конкуренцијата беше голема, ги одмеривме силите со големите светски гастрономски мајстори, а покрај наградите, го збогатив моето искуство преку соработката со моите колеги и судии. Некои нивни совети ги искористив во текот на натпреварот.
Игор Каспер Атанасов, освои сребро и бронза и тоа во подготвување јадења од јагнешко и во категоријата пилешко.
Освен натпреварување Игор имаше и многу одговорна задача како Меѓународен судија во 4 категории.

Игор Каспер Атанасов

– Ново и преубаво искуство за мене – раскажува Игор. – Работев како судија на вкусови а ја оценував и работата во боксовите. Натпреварувачите беа одлични! За мене беше голема чест да сум рамо до рамо со врвните судии од Турција, Азарбејџан, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Монголија и Молдавија.

Гастромак


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.