Производите кои некогаш се сметале за здрави, денеска за некого се забранети. Нутриционистите овие производи ги сместуваат во категоријата опасни, па дури и канцерогени. Гледано низ очите на новинарка родена 1984 година, еве кои се работите што некогаш ги обожававме, а сега не им ги даваме на децата:

Млеко

Современите нутриционисти го сметаат млекото за отров. Порано, млекото беше задолжителен пијалак во училиштата, градинките, па дури и во болниците. Денес, сето ова е сменето. Речиси сите поборници за здрава храна го класифицираат млекото како безвредно. Дури и се појавило радикално мислење дека млекото придонесува за појава на канцер. Ова доведе до производството на млеко на база на соја и други растителни состојки.

Сончогледово масло

Речиси никој повеќе не користи сончогледово масло. Меѓу луѓето се има развиено култ кон маслиновото масло, но тоа е всушност покалорично, содржи три пати помалку витамин Е и помалку заситени масти.

Леб

Денес лебот се смета за нездрава храна. Секогаш кога се почнува диета, првиот совет е дека мора да се исфрли лебот од исхраната. Вистина е дека белиот леб со квасец не е здрав, но лебот од цело зрно не може да биде и не е отров.

Палачинки

Првата асоцијација за детството се палачинките. Сме ги јаделе барем еднаш неделно. Кој би рекол дека денес ова јадење ќе се смета за штетно и опасно. Составот на палачинките е 100% природен: јајца, брашно и млеко, но во денешниот безглутенски свет, тие се нездрави и децата не смеат да ги јадат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.