Чај од хибискус е иделаната состојка за да добиете виолетови велигденски јајца. Јајцата, најдобро е да се бели, сварете ги на вообичаениот начин. Прелејте 80 г чај од хибискус (од ливчиња, не од кесички) со зовриена вода и додајте лажиче оцет.
Потоа, спуштајте ги јајцата во садот со чајот. По три минути, извадете ги јајцата со малку чај на апсорбирачка фолија и завиткајте ги така со ливчињата, па оставете ги да отстојат неколку минути. Одвиткајте ги и уживајте во прекрасните виолетови јајца со уникатна шара.
Можете да ги оставите јајцата да стојат подолго во чајот (5-6 минути), па извадете ги на хартиена салвета. Кога ќе ги извадите, ќе изгледаат црвено, но кога ќе се исушат, ќе станат виолетови со прекрасни, уникатни шари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.