Доколку сакате викендот да го зачините со пикантно слатко задоволство ви предложуваме комбинација на топло чоколадо и ароматични зачини…

Потребно е:

– 400 мл полномасно млеко, 150 г чоколадо за готвење, две кесички ванилин шеќер, едно стапче цимет, едно чили (луто) пиперче, две лажичиња кафеав шеќер,100 мл слатка павлака, една лажица амарето ликер, две лажици рендано чоколадо

Подготовка:

– Во млекото додадете ги ванилиниот шеќер, кафеавиот шеќер, стапчето цимет и чили-пиперчето. Загрејте го до вриење.

– Додадете го чоколадото искршено на парчиња и на тивко варете ја смесата со постојано мешање додека не се растопи чоколадото.

– Садот тргнете го од рингла и по 10-тина минути извадете ги зачините и повторно напивката ставете ја да се вари до вриење.

– Напивката распоредете ја во чаши и пред да ја послужите додадете го ликерот амарето и измешајте.

– На крај украсете со изматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.