Слоу Фуд Водно овој петок на 03.07 2020 година, го лансира предизвикот #ПосенПеток кој ќе трае следните два месеци како дел од онлајн кампањата „ Храна за промени“.
Нашата цел е да дадеме придонес во јакнење на јавната свест за прашањето на климатските промени и нивната поврзаноста со храната која ја произведуваме и консумираме и да иницираме решенија во надминување и адатптација кон оваа глобална криза.
Преку предизвикот #ПосенПеток сакаме да влијаеме на намалување на консумацијата на ефтино, увозно и индустриско произведено месо кое има значително влијание врз климатските промени. Да започнеме со фактот дека со помалку месо, се создаваат помалку стакленички гасови кои влијаат врз климатските промени. Истовремено, делуваме врз намалување на потрошувачката на значајни ресурски како почва, вода, шума и енергија. Така на пример, системот за производство на месо има поголем придонес за појава на климатски промени од целиот транспортен систем – сите: автомобили, камиони, авиони и возови во светот. Системот за производство на месо користи дури 75% од целата земјоделска површина. За да се произведе само еден бургер од приближно 100 грама потребни се околу 1.600 литри вода, а за истиот тој бургер потребно е енергија која би ја држела батеријата на ајфон цели 6 месеци, велат од Слоу фуд Водно.
Од организацијата додадваат дека посниот ручек во петок е дел од нашата традиција која треба да продолжиме да ја негуваме, но истовремено е пример да размислиме, како да изгледаат нашите оброци од иднината. Штедливи, одржливи, ефтини и здрави оброци кои се добри за вас и се пријатели на планетата.
За таа цел ги покануваме сите во што поголем број да го прифатат предизвикот со хаштаг #ПосенПеток и да го споделат својот оброк, преку слика, видео или рецепт на социјалните мрежи. Ние ќе се потрудиме да ја разбудиме сечија креативност во кујната со серија на видеа од најдобрите готвачи кај нас и да ве потикнеме прифаќајќи го преизвикот први. За најкреативните имаме мали изненадувања, велат од Слоу фуд Водно.
Предизвикот #ПосенПеток е дел од онлајн кампањата на проектот„ Храна за промени како одговор на климатските промени“, спроведуван од Слоу Фуд Водно, подржан од Еко Свест, ДЕМ и ЦНВП а е финансиран од Европската Комисија, како дела од програмата за регрантирање, во склоп не проектот „Да зборуваме за климатски промени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.