„Слоу фуд“ викендов со винскиот салон ја направи Битола значајна точка на глобалната винска сцена со овој настан.
Во Битола, овој викенд се одржа третиот по ред Вински салон кој е дел од проектот Slow Wine Macedonia.
Почна ден порано, со промоција на водичот Slow Wine 2021 на Ивана Симановска во кино „Манаки“, каде што се одржа и проекција на филмот “Момчињата од Бароло”.
Вториот ден, локацијата беше Офицерскиот дом во Битола…..исклучително архитектонско здание, неодамна комплетно реконструирано, а овој пат преполно со вина.
Ваквиот настан, на една ваква локација е потврда дека може на светот да испратиме разгледници за врвна винска култура и од Македонија.
Префинета, а лежерна атмосфера со завидна селекција на излагачи, во организација на Slow Food Macedonia, со што конечно ставаме свое знаме на светската карта на вински големи настани, велат организаторите.
Во Офицерскиот дом, сè убав и насмеан свет, огромен бран на добро расположение, оптимизам, елеганција, човечност и бон тон….
Македонија каква што помалку заборавивме дека постои.
Хедонистичка фешта каде што се прави мал огномент на вкусови и ароми, со музика од класиките на Чајковски до новите правци на џезот. Вакви приказни никогаш не се комплетни, ако не ги следи и добра програма, за што организаторот се имаше погрижено. Па така, кога зборуваме за Slow Food Macedonija, посебно поглавје има храната од нивните омилени производители, кои беа одличен спаринг партнер на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.