„Slow Wine салон 2021“ е дводневен настан кој ќе се одржи од 03-04 декември 2021 во Битола, во организација на „Слоу Фуд Македонија“ со локална поддршка на „Слоу Фуд Битола“.
Салонот има за цел презентација и промоција на производители на вино, кои ќе ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст. На третото издание на винскиот салон „Slow Wine салон 2021“ ќе се претстават преку 30 производители, 5 дестилерии и 10 производители на деликатесни производи кои ќе бидат понудени за дегустација на големиот број на љубители на виното и храната.
На винскиот салон ќе му претходи промоција на првото македонско издание на „Slow Wine 2021“ која ќе се одржи на 03 декември со почеток во 18 часот во Киното Манаки. Се работи за концепт граден низ годините на развој на Слоу Фуд движењето кое од самите почетоци негува култ кон виното, последниве години го преточува во независен вински водич.
Придонесот на Слоу Фуд во развојот на винската култура преку поддршка, едукација и промоција на малите семејни винарии, кои како нов бран надоаѓаат на винската сцена е од врвно значење во промоцијата на локалното поднебје, зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, традиционалните техники на производство на вино и зачувувањето на животната средина. Настанот е можност да им се даде видливост на младите винари, малите винарии и нивните уникатни вина.
Во сабота на 4 декември Офицерскиот дом Битола за првпат ширум ќе ги отвори вратите за сите кои го негуваат култот кон виното, производители и љубители на овој божествен пијалак и ќе се претвори во своевиден „храм на виното“. Ова е еден од првите јавни настани кои ќе се одржат по реконструкцијата и пуштањето во употреба на Офуцерскот дом во Битола и претставува извонредна можност да се почувствува неговата убавина и амбиент збогатен со содржините од програмата на Slow Wine 2021.
Овој настан е од голема важност во едукацијата и градењето на винската култура, кон посреќна иднина во нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.