Истур габи има деновиве на планината Серта, врие од габари, вели неготинецот Митко Василев, долгогодишен планинар и печуркар. Тој појасни за МИА дека одамна Серта не била така накитена со печурки, како годинава, во овој период од годината. Дождот и некои други причини се поклопиле, па годинава се родиле повеќе од вообичаено.

Сите печурки се јадат, ама некои само еднаш

Минатата седмица биле во потрага по печурки и пронашле само едно мало врганче и ливадски шампињони. За три дена, инвазија. Кажа дека најмногу ги има летниот и црниот врган.

За јајчарката или калинкарка (црвената), можам да кажам дека и неа ја има многу, што обично е реткост на оваа наша страна на планината Серта. Од другата страна каде што се селата Гарван, Загорци, Скоруша, повеќе ги има, како и секогаш. Врие овде од габари, доаѓаат да берат габи и од други краеви на државата. Јас си набрав доволно за наши домашни потреби, да си зготвиме неколку пати свежи, но и ќе замрзнеме некое кило за зимница, па ќе дегустираме и ќе се сладиме и во текот на зимата со домашна неготинска ж’та или квалитетно вино. Всушност, долги години берам габи, ама никогаш не за продажба. Не сум заработил ниту денар од нив, секогаш берам за наше лично задоволство. За фамилијата. Затоа што знаеме дека се работи за здрава храна. Во шега се нарекуваме спортски габари, затоа што габарството ни е како хоби, како спортска активност во слободното време, истакна Василев, кој собира печурки четириесетина години.

Тој апелира да се внимава за да не се згреши, бидејќи има отровни печурки речиси идентични со оние јадливите и можат да бидат веднаш до нив



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.