Овие пиперки ги пробав лани на гости и веднаш знаев дека морам да ги направам и јас. Може да се прави со секакви пиперки, но со црвените е највкусно.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 кг исчистени ајварки пиперки
1 литар јаболкова киселина
1 кесичка конзерванс
1 кесичка винобран
150 г шеќер
150 г сол
150 г мед
ПОСТАПКА:
Пиперките се мијат, се цедат од водата па се сечат на половина и се чистат од семките.
Во еден сад се става јаболкова киселина, сол, шеќер и мед, па се става на оган да зоврие. Варете уште малку додека да се растопат состојките, па тргнете го садот од оган и додадете ги конзервансот и винобранот.
Низ врелиот раствор провлекувајте ги пиперките кратко и веднаш редете ги во сад со капак.
Одозгора налејте со растворот од медот, и притиснете ги со дрвено стапче (најдобро од дрвена лоза, како потисок).
Теглите затворете ги со целофан и оставете ги на ладно, темно место.
Мора да отстојат барем три седмици до послужување за да можат пиперките убаво да ја впијат аромата.
Можат да се прават и само со шеќер, но со мед имаат многу поубава арома.
Пробајте и уживајте
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.