Лубеницата е дефинитивно предвесник на топлите лета.
1. Таа е овошје и зеленчук
Во случај да не знаевте.
2. Одлична за вашето здравје
Лубеницата има многу предности за вашето здравје. Ова го потврдува фактот дека таа содржи 1,5 пати повеќе ликопен од свежите домати: 6 милиграми однос на 4 милиграми. Ликопенот делува како одличен антиоксиданс, спречува оштетување на нашите клетки и го заштитува имунолошкиот систем.
Покрај тоа, ликопенот се наоѓа во црвените овошја и зеленчуци и може да помогне во борбата против срцевите заболувања и некои видови на рак. За да имате што е можно повеќе антиоксиданси во лубеницата, треба да ја чувате на собна температура пред сечење.
3. Ги ублажува болките во мускулите
Друга корист на лубеницата е тоа што таа може да делува многу благотворно по напорниот тренинг, открива студијата објавена во списанието “Магазин за земјоделска и прехранбена хемија”. Тоа е затоа што лубеницата ја содржи природната состојка-цитрулин, која ја подобрува функцијата на артериите и го намалува крвниот притисок. Најголема концентрација на цитрулин има во кората.
4. Богата е со вода
Водата е здрава за нашето тело, и лубеница содржи околу 91, 5 проценти вода, открива една студија во САД. Истата студија покажа дека жените се со поголема веројатност да страдаат од дехидрација, главоболки, слаба концентрација, замор и лоши расположенија. Уште една причина да се посегне по лубеницата.
5. Постои и жолта лубеница
Иако сме навикнати на црвената боја, постои уште една сорта, која е жолта и се нарекува Жолта Кримсон лубеница. Како што сугерира и името, ова лубеница внатре е целосно жолта и е многу слатка. Од надворешна страна, и двете врсти се идентични.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.