Одамна знаеме дека најважниот оброк во текот на денот е појадокот, бидејќи телото го снабдува со потребната енергија за исполнување на дневните обврски. Но, дали знаете каков вид појадок е идеален?

Секој има свои преференции. Многу познати личности денот го започнуваат со смути, додека инфлуенсерите претпочитаат тост со авокадо, а ние „обичните смртници“ денот го започнуваме со омлет.

Сепак, професорот, Валтер Вилет од Харвард и поранешен шеф на Одделот за исхрана вели дека идеален појадок е јогурт со ореви.

Како што вели, тој не е љубител на сок од портокал или стандардни житарици и не сака кроасани или кофеин бидејќи консумирањето на сите овие намирници не придонесува за здравјето на организмот.

Наместо тоа, неговиот омилен појадок е богат со хранливи материи како што се влакна, протеини и добри масти.

Затоа, ако сакаме да го подобриме нашето здравје, мора да го зголемиме внесувањето на овошје, зеленчук, ореви и мешунки и да ја намалиме потрошувачката на црвено месо и шеќер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.