Офарбајте велигденски јајца со црвена зелка. Ви требаат јајца во количина по избор, црвена зелка, вода и оцет. Се вадат листови зелк колку што ќе процените дека е доволно за јајцата, во зависност од тоа колку силна боја сакате.

Се варат јајцата во вода со оцет за да не пукнат, се става зелката и се вари се заедно. Jајцата се варат десет минути или повеќе. Потоа се спуштаат во чинија со ладна вода за да не се преварат во сопствената топлина и да нема темни кругови околу жолчката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.