Направете превкусен колач кој има неодолив вкус на чоколада и портокал.

1. Во сад на пареа се става кршената чоколада, кората од портокал и маргаринот да се стопат.

2. Потоа се трга од пареата и се додава сокот од портокал, оревите, румот и дробените бисквити. Убаво се меша со дрвена лажица. Се остава да олади 10 мин.

3. Целата смеса се истура врз најлон фолија која претходно е посипана со шеќер во прав. Се обликува во салама и се заврзува од двете страни. Се остава да олади 2 саати.

4. Кога ќе олади, пак обилно се посипува со шеќер во прав и се сече.

Извор: „Моирецепти.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.