Дишните патишта особено се на удар во есенскиот и зимскиот период, но нутриционистите откриле одличен рецепт за домашна мешавина, која може да ви помогне да ги ублажите респираторните проблеми.
Ви требаат рен, ѓумбир и мед, три состојки познати по силните позитивни својства, а тоа го докажале и бројни истражувања.
Состојки:
250-300 мл мед
половина шолја рендан рен
половина шолја рендан ѓумбир
Ренот е добар за дишните патишта, уништува одредени патогени бактерии и добар е за синусите. Исто така, комбинацијата на рен и ѓумбир е одличен имуностимулатор, ги прочистува клетките, сите органи, а познати се и лековитите својства на медот.
Измешајте ги сите состојки, оставете ги да отстојат два-три дена и не затворајте ја теглата со пластичен капак, туку ставете газа за да дише и нека стои во фрижидер. Потоа, може да го користите, а може да го консумираат и деца.
Возрасните превентивно треба да земаат по две лажички дневно, една наутро и една подоцна во текот на денот.
Може и навечер, но не се препорачува, бидејќи ѓумбирот и ренот загреваат, па подобро е да консумираат малку порано.
Што се однесува до децата, се советува да им се дава по половина кафено лажиче, во зависност од возраста и тежината, до два пати дневно, со вода.
Може да ги помешате состојките со млака вода, додаваат нутриционистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.