Сремуш, мечкин лук, див лук итн., се називите за оваа билка за која кај нас е малку познато дека може да се консумира и е многу корисна. Но, мора да имате предвид дека постојат неколку билки што се слични со неа, а се отровни, па ако не сте доволно сигурни дека билката што ја берете е мечкин лук, подобро да не ја собирате.

Уште во минатото мечкиниот лук се користел за лекување различни заболувања и како профилактично средство. Се нарекува уште „див лук“ затоа што е самоникнато растение, кое расте на високи планински места на надморска височина од 1100 метри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kolmpool

Ова растение е популарно во пролетните месеци, најмногу во април и мај, а во поладните места може да се сретне и на почетокот од јуни. Многу е важно добро да го познавате растението ако решите сами да го берете, бидејќи листовите неверојатно наликуваат со оние од момина солза, а кои се отровни.

Најлесен начин за препознавање е тоа што мечкиниот лук има карактеристичен мирис на лук. Друга разлика се цветовите, кои драстично се разликуваат. Овие кај момината солза се на една гранка повеќе бели цветови во форма на ѕвончиња и имаат убав мирис.

Билката го добила називот „мечкин лук“ бидејќи најмногу го јадат мечките кога ќе се разбудат од долгиот зимски сон. На тој начин си го прочистуваат организмот од токсини и добиваат енергија.

Сите делови од мечкиниот лук можат да се јадат и се корисни за организмот. Листовите се многу вкусни и ароматични, како свежи така и готвени или сушени. Сето тоа зависи од вас како сакате да го јадете и како ви е највкусен.

Мечкиниот лук може да се нарече супер храна, бидејќи е богат со различни витамини (А,Б, Б1, Б2, Б3, Б6), цинк, јод, калциум, железо, калиум и други. Исто така е богат со разни етерични масла, масти кои се корисни за организмот како и со аминокиселини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peakforager (@peakforager)

Дивиот лук има многу начини на употреба и голема корист за телото. Така, на пример, помага во прочистување на цревната флора, во борбата на организмот со болести на стомачно-цревниот тракт, прочистување од паразити и микроби. Тој има исклучително благопријатно дејство на работата на срцето, а помага и во намалување на холестеролот. Одличен ефект има и при подобрување на крвната слика, како и намалување на ризикот од артериосклероза или инфаркт.

Јадењето мечкин лук му помага на целото тело да се тонизира и да ја добие потребната енергија.

Што е најважно има голем удел во зајакнување на имунитетот, со што се намалува ризикот од настинки и различни респираторни заболувања. За да го користите ова благотворно растение можете да на правите свежи салати, крем – супи, омлет, да го додадете во печива, да направите песто, чорби и други јадења.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.