Иако се чини логично дека секоја намирница пред готвењето треба да се измие, за некои од нив оваа навика е повеќе штетна отколку добра. Миењето на одредена храна може да доведе до ширење на бактерии и други негативни последици.

Во продолжение ви нудиме листа на храна, која не треба да се мие пред готвење или печење:

1. Јајца – Во индустриското производство им се става посебна супстанца, со цел да се заштитат од зараза со бактерии.

2. Пилешко месо – Многумина мислат дека миењето на пилешкото пред готвење ќе го реши проблемот со бактерии, но така само ќе ги проширите на рацете и кујнската работна површина.

3. Друго месо – Исто како и со пилешкото, не би требало да го миете ниту свинското, јагнешкото, говедското месо… Наместо со вода, од бактериите ќе се ослободите преку печење или готвење на висока температура. Ако сакате да го отстраните вишокот на сок од површината на месото користете хартиена крпа и потоа измијте ги рацете темелно.

4. Тестенини – Кулинарските шефови предупредуваат дека со миењето на тестенините се отстранува скробот кој подобро го апсорбира сосот. Тестенините може да се измијат по готвењето само ако сакате да ги користите за подготовка на салата.

5. Печурки – Ако веќе инсистирате, најдобро е кратко да ги исплакнете и исушите со хартиена крпа, наместо долго да ги држите во вода. Направете го тоа непосредно пред готвењето.

За разлика од овие пет намирници, следните треба секогаш да се мијат:

1. Овошје и зеленчук со кора која се јаде – Задолжително мијте го пред јадење.

2. Лименки – Бактериите не можат да влезат внатре, но можат преку капакот, па најдобро е да ги измиете пред да ја отворите лименката.

3. Овошје и зеленчук со кора која не се јаде – Без оглед како ги лупите, бактериите ќе стигнат до делот за јадење. Затоа е добро најпрво да се измијат, на пример, дињите и лубениците.

4. Јаткасти плодови – Треба да се измијат дури и ако се излупени, бидејќи никогаш не се знае како и каде биле чувани. Покрај тоа, со миењето ќе ја отстраните и фитинската киселина која ги штити оревите од паразити, а може да му наштети на организмот.

5. Сушено овошје – Оваа храна се смета за една од највалканите. Дури и ако сте ја купиле во луксузно пакување- измијте ја или оставете ја да отстои натопена неколку часа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.