Едн од најголмите маки поврзани со велигденските јајца доаѓа уште при самото варење. За да избегнете пукнатини или рапава кора искористете ги овие неколку совети.
Најдобро е да купите мали јајца или јајца со средна големина, бидејќи обично се потврди. А, дали ќе одберете бели или жолти зависи од боите кои ќе ги користите или начинот на кој ќе ги украсувате.
Пред варењето, јајцата од фрижидерот не ги ставајте одма во водата, мораат да бидат на собна температура пред да се варат. Исто така, измијте ги само со вода и пребришете ги, за да ги отстраните евентуалните нечистотии.
Јајцата најдобро е да ги варите на ниска температура, а во водата во која ги варите ставете сол. Можете да додадете и лажица до две, оцет.
Варете ги во ладна вода и почекајте истата постепено да се загрее, така нема да пукнат.
За да се излупат полесно, по варењето, јајцата ставете ги во ладна вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.