Овој џем кој се приготвува од суво овошје, уште го нарекуваат и болнички или медицински џем бидејќи помага полесно и побрзо и да се испразнат цревата. Во денешно време поради стрес и недвижење сè поголем број луѓе страдаат од опстипација и нередовно празнење поради мрзливи црева.
Како причина за слаба перисталтика освен недоволната физичка активност и стресот, може да бидат и некои лекови, витамини, недоволна хидрираност, а може да се јави и како нуспојава на некоја друга болест.
Меѓу најдобрите природни помагала се покажал токму овој медицински џем кој се приготвува брзо и едноставно. Според искуствата на луѓе кои го испробале, доволни се неколку лажици (кај некои функционира и само една супена лажица), за да се придвижат цревата и да се добие повик за празнење.
Една од состојките кои помагаат во ова се драгоцените урми кои имаат широк спектар на здравствени бенефити. Поради тоа се на високо скалило меѓу најздравите овошја. Изобилуваат со природни влакна кои делуваат како четка за чистење на цревата.
Природниот шеќер што го содржат урмите е совршена алтернатива за обичниот. Лесно се дигестираат и ја намалуваат гладта. Според составот урмите се природна мултивитаминска табела.
РЕЦЕПТ ЗА ЛАКСАТИВЕН ЏЕМ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша урми
1 чаша суви сливи
1 чаша провриена вода
ПОСТАПКА:
Исечете ги урмите и сливите на помали парчиња и ставете ги во зовриената вода. Варете на умерен оган со постојано мешање додека смесата да згусне како џем.
Складирајте го во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Може да го користите на повеќе начини, да изедете неколку лажици од него наместо вечера со чаша вода, да го мачкате на интегрално лепче за појадок, да го додавате во овесна каша…
Сувите сливи веќе долго време, со децении се користат и самостојно за решавање на овој проблем. Богати се со влакна и со сорбитол, 15 пати повеќе отколку другото овошје.
Сорбитол е вид на алкохолен шеќер кој можат да го консумираат и дијабетичари. Во цревата се преработува споро и поради тоа доведува до помеки столици.
Сувите сливи претходно натопени во вода или сварени како компот (мора да бидат хидрирани за да ја извлечат влагата од цравата), се природен извор на растителни влакна кои се неопходно за нормална работа на цревата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.