Скакулците се вклучени во европската листа на храна како дел од напорите на Европската унија за одржливо производство и исхрана.

Ова е втор пат Брисел да одлучи дека инсектите се безбедни за консумирање, откако во јуни ги одобри ларвите од брашно. Наскоро би можел да следи трет јадлив инсект, штурецот.

Европската комисија објави дека скакулците ќе бидат означени како закуска или состојка на храна во дехидрирана или замрзната форма откако ќе им се отстранат крилјата и нозете или како прашок.

Европската агенција за безбедност на храна наведува дека скакулецот Locusta migratoria е богат со протеини и не штети, но напоменува дека сепак може да предизвика реакции кај луѓе алергични на школки и мекотели или кај луѓе кои се чувствителни на глутен, пишува „Индипендент“.

Поднесени се барања за уште девет видови инсекти.

Организацијата за производство на храна посочува дека инсектите се многу хранлив и здрав извор на храна богат со протеини, витамини, влакна и минерали.

Инсектите, кои секојдневно ги јадат милиони луѓе ширум светот, се наведени во новата стратегија на ЕУ како алтернативен извор на протеини кои би можеле да ја забрзаат промената кон поодржливо производство на храна.

Европската директива од 1977 година веќе одобри алги, нови растителни протеини и одредени видови храна од други земји.

Поднесени се барања за уште девет видови инсекти, објави порталот „Индекс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.