Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон е бремена по четврти пат и повторно ќе роди девојче, пишува британскиот портал „Госип кап“.

Веста ја пренесоа и други светски медиуми. Пријатели на кралската двојка наводно велат дека Вилијам и Кејт сакаат да имаат четири деца: две машки и две девојчиња. Истите извори тврдат дека Мидлтон ги има сите симптоми на рана бремениост. Таа од сега носи покомотна облека, внимава на исхраната и пие чај кој ѝ ги олеснува мачнините.

Кејт Мидлтон во октомври стана тетка. Нејзината сестра, Пипа Мидлтон, го роди своето прво дете (машко). Таа се породи во истата болница каде што во Кејт и Дијана ги родија своите деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.