Десеттото јубилејно издание на „Вечерите на женски права“ ќе се одржи од 6 до 8 март, во знак на овогодинешната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената: „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!“.

„Фокусот е на лидерките во индустријата, на стартапи кои прават промена, социјални претприемнички, активистки и жени иноваторки, изнаоѓање начини преку кои иновацијата може да ги премости пречките и да го забрза прогресот кон родовата еднаквост“, велат од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје, кој е организатор на настанот.

Програмата ќе се одвива во текот на три дена – 6 и 7 март во Кинотеката на Македонија со почеток од 20:00 часот и на 8 март во Младинскиот Културен Центар (Галерија и Кино Фросина), со почеток од 19:30 часот, a влезот за сите три вечери е слободен.

Годинашното издание на „Вечерите на женски права“ се реализира под покровителство на Град Скопје, со поддшка на UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, во партнерство со Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје и Шведската амбасада во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.