Холанѓанецот Јан де Јонг, кој живее и работи во Хрватска, од септември воведува четиридневна работна недела за своите вработени во Webpower Adria, а на вработените ќе им биде исплатена иста плата.
Ова значи дека Webpower Adria им даде зголемување на своите вработени за 20 проценти. И тоа не во пари, туку во слободно време. Воведуваме четиридневна работна недела – за иста плата! Дополнително, одлуката дали моите колеги ќе работат од дома или од канцеларија е на нив, напиша Јан Де Јонг на својот профил на Линкдин.
Доколку можеме да ја работиме нашата работа од било каде, тогаш кои сме ние да кажеме дека треба да работиме од канцеларија? Цврсто верувам во силните зборови на сер Ричард Бренсон: „Ако се грижите за вашите работници, тие ќе се грижат за вашите клиенти“, вели Де Јонг.
Тој изјави дека следна задача на вработените е да се договорат меѓу себе кој ќе го земе за слободен ден, бидејќи „шоуто“ мора да продолжи, и дека ќе останат достапни за клиентите пет дена во неделата.
Верувам дека откако ќе покажеме дека работењето четири дена во неделата ги прави вработените среќни, дека се под помал стрес, и дека се попродуктивни, се повеќе компании ќе го следат тој пример, заклучи Де Јонг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.