Зафир Хаџиманов во интервју за „Курир.рс“ зборуваше за својот живот, за сопругата Сенка и синот Васил, а откри и дека поради грешка на хирургот останал без око.

Кога влегов во осмата деценија од животот почнаа проблемите. Мислам, дека тоа се вика старост. Прво, по грешка на очните хирурзи останав без едното око, потоа на ред дојде срцето, а освен убавата куќа во Скопје од мајка ми наследив и дијабетис. Сега на 76 години почнав и да заборавам. Единствено што правам сега е пишувањето. Мојата здравствена состојба е несреќна, но благодарејќи на компјутерот целиот свет е мој. Ќе седнам па си играм со Фејсбукот, и пишувам за своја душа – вели Хаџиманов.

Зафир во интервјуто вели и дека би сакал да добие награда за животно дело во Македонија, а открива и ако неговата сопруга Сенка добиела национална награда во Србија животот ќе му бил многу попристоен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.