Без разлика дали ви се допаѓа или не, Илон Маск несомнено има фантастична година, иако пандемијата „Ковид-19“ сè уште е присутна. Таа здравствена криза воопшто не му ги замрси конците.
Компанијата SpaceX, која ја основаше во 2002 година, успешно испрати двајца американски астронаути на Меѓународната вселенска станица кон крајот на мај, и секако ги врати дома на 2 август, најавувајќи нова ера на вселенското патување во приватниот сектор.
Од друга страна, неговата компанија за е-возила Тесла, неодамна го одбележа четвртиот последователен квартал во кој остварува профит, а наскоро би можел да се приклучи на групата индекси S&P 500. Годинашниот пакет акции му донесе на компанијата статус на највреден производител на автомобили во светот, чија пазарна вредност беше приближно 267 милијарди долари.
Според индексот на милијардери „Блумберг“, 49-годишниот имигрант од Јужна Африка, кој денес е стациониран во Лос Анџелес, во моментов е 10-та најбогата личност во светот. Додека извршните директори на технолошките компании Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл беа изложени на сослушување на Конгрес минатата недела, Маск беше пофален во неделното издание на Њујорк Тајмс.
Овогодинешниот успех на „Тесла“ е голем пресврт, во однос на 2018 година, кога се обидоа да го зголемат производството на седанот „Модел 3“, од кој се откажаа десетици директори. Дури и на почетокот на пандемијата, овој бизнисмен испровоцирал со своите твитови, пишувајќи дека стравот од короната е глупав. Сепак, тоа очигледно не влијаеше врз неговиот бизнис, иако со своите твитови беше во можност да ги намали и акциите на сопствената компанија.
Неговиот отпор кон пандемијата отиде дотаму што тој доцна ја затвори фабриката во Калифорнија, во која има вработено приближно 10,000 работници, а потоа наскоро ја отвори, под ризик да биде уапсен, затоа што работи спротивно на ограничувањата што ги наметна државата.
Сепак, во една година кога бизнисите пропаѓаат, Маск ја шири својата империја. Тесла, која има 55.000 вработени ширум светот, вработува и гради нова фабрика за автомобили во Остин, Тексас, за својот нов електричен пикап. Маск пред неколку дена спомена дека работната сила на Тесла може да се зголеми на 65.000 до крајот на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.