Среда, 24. април 2019, е уште еден ден каде дискусијата за напредокот на општеството и улогата на жените во него ќе биде ставена на маса. Организацијата „Една може“ и социјалното претпријатије „Концепт центар една може, една прави“ организира уникатна панел дискусија.
Дороти Пачкова, академски сликар, активен борец за родова еднаквост и права на жените, претседател на здружението „Една може“ ќе ја води панел дискусијата. Нејзината цел за настанот е да отвори разговор за мобилизација за социјално претприемништво за сите жени и девојки од маргинализирани групи. Тие ги повикуваат сите заинтересирани да се вклучат во оваа дискусија затоа што ќе има значителен импакт врз општеството во кое живееме. Т
Самата дискусија се организира во склоп на Велигденскиот базар каде учеснички, изработувачки на накит, органска козметика, филиграни и слични изработки од „Една може“ (https://www.facebook.com/onecanednamozhe/) и од социјалното претпријатие „Една прави“, ќе бидат дел од базарот и од претставувањето на нивната тренинг програма „Економска слобода“.
Хуманитарниот базар трае од 23. до 25. април 2019.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.