Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овлатени инженери, под покровителство на претседателот на Република Македонија, вечер по 16-ти пат ќе го додели признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери.

На доделувањето на признанието, што ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје, се најавени обраќање на претседател Стево Пендаровски, како и на претседателите на Инженерската институција на Македонија, проф. д-р Христина Спасевска и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Миле Димитровски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.