Работното место вклучува патување по светот и престој во скапи хотели, а за целата таа „мака“ се компензира со месечна плата од околу 4.000 евра.
Тоа го нуди 26-годишниот милионер од Австралија Метју Лепре, кој се занимава со е-трговија и вработува личен асистент или асистентка, која ќе го следи на честите деловни патувања во Јапонија, Дубаи и на Хаваи. Задолженија на вработениот ќе биде координација на неговиот густ распоред, а за тоа дава годишна плата од 52.000 долари.
Платата се темели на искуството на личноста, а трошоците за сместување и патување му ги плаќаме посебно – објаснил милионерот, додавајќи дека вработениот ќе мора да патува секои неколку месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.