На 02.06, во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје, двесте деца на возраст од 4 до 14 години ќе се натпреваруваат во ментална аритметика и ќе покажат кои се придобивките од оваа програма.
Натпреварот ќе се одржи од 10:00-15:00, а влезот за сите кои сакаат да навиваат и да видат што овие мали генијалци научиле е бесплатен. Најдобро пласираните ученици, потоа ќе заминат и на интернационално натпреварување во Белград, каде што ќе учествуваат повеќе европски држави.
Во денешно време, кога се живее брзо, често слушаме од родителите дека децата немаат доволно внимание и лесно ја губат концентрацијата. Научно е докажано дека мозокот на детето се развива од 4-та до 14-тата година од животот. Во тој период мозочните хемисфери се најактивни, а децата полесно ги впиваат информациите и затоа е неопходно токму тогаш да се посветат на едукација.
Хитари програмата за ментална аритметика е јапонска метода која преставува колевка на оваа древна престижна дисциплина. Настанала како резултат на долгогодишна работа на психолози, педагози и други експерти од областа на образованието, а се заоснова на употреба на древната направа абакус, со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо сметање. Во Скопје постојат четири училишта за ментална аритметика .
Франшизата „Малац Генијалац“ од септември своите врати ќе ги отвори и во останатите градови во Македонија, со цел што поголема едукација на децата, како и подобрување на фокусот, концентрацијата и памтењето кај децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.