Сите светски медиуми пренесоа детали од посетата на Амал и Џорџ Клуни на Бакингамската палата.
Се пишуваше и за фустанот што го носи Амал, стар 12 години, и румените образи на принцот Чарлс, но најважниот детаљ се открива дури сега.
Славната адвокатка за човекови права и нејзиниот сопруг, холивудскиот актер, се многу блиски со кралското семејство. Минатата година присуствуваа на венчавката на Меган и принцот Хари, па заедно заминале на одмор, а се планира и Амал да учестувува во помошта во првите денови по раѓањето на кралското бебе. Сепак, се испостави дека присуството на Амал на вечерата имало сосема друга заднина.
Амал склучила договор со добротворната фондација на принцот Чарлс за да воспостават нова, важна награда која ќе го носи името на адвокатката, а ќе има цел поттик и поддршка на млади жени во светот.
Наградата „Амал Клуни“ првпат ќе биде доделена во 2020 година, а добротворната организација на принцот Чарлс веќе бара кандидатки од 11 до 30 години ангажирани во бегалски кампови, обнова во воени зони и сл.
Почестена сум што принцот Чарлс ме покани да учествувам во оваа глобална иницијатива која ги слави младите жени кои прават промена во својата заедница и во светот. Голема привилегија е да се има улога на ваков проект кој ја подига свеста за младите жени кои имаат потенцијал да станат лидери на нашиот свет, вели Амал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.