Властите на Лос Анџелес соопштија дека заменик-шерифoт кој тврдел дека два пати е погоден со снајпер, лажел, а лагата го чинела кариера.
Заменик-шерифот Ангел Реиноса, кој тврдел дека е погоден, си исекол две дупки во униформата за да изгледаат како да се од куршум, а потоа лажел дека е погоден. Тој учествувал во полициската акција во средата и се јавил за да им каже на колегите дека е погоден.
Погоден сум од северната страна на Ланкастер, ме погоди во десното рамо. Кошулата ми е искината на десното рамо. Мислам дека пука со снајпер од прозорецот на станот“, зборувал полицаецот избезумен во радиврската.
Риноса е ослободен од должностите и се соочува со кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.