Пензионираниот воздухопловен генерал Чарлс Чак Јегер, првиот човек што го проби звучниот ѕид, почина на 98 години.

Неговата сопруга Викторија на Твитер напиша дека Јегер починал вчера.

Јегер беше 24-годишен капетан кога во 1947 година за време на пробниот лет на американскиот воен авион на млазен погон го проби звучниот ѕид.

На 14 октомври 2012 година, 65 години подоцна Јегер на задното седиште на авионот Ф-15 Игл го повтори подвигот на повеќе од 30.000 стапки над пустината Мохаве во Калифорнија.

Подвизите на Јегер се опишани во книгата наТом Вулф „The Right Stuff“ и филмот на Филип Кауфман од1983 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.