Вчера утрината на 75-годишна возраст во Белград почина ѕвездата на југословенскиот и српскиот филм, Душица Жегарац, соопшти Здружението на филмски уметници на Србија. Жегарац е родена во 1944 година во Белград.

Таа беше популарна во поранешна Југославија поради врвната глума за што доби и „Златна арена“ во Пула за главна улога во филмовите „Обложување“ и за улогата во филмот „Посебен третман“. Таа е добитник и на наградата за живото дело „Павле Вујисиќ“ што се доделува на филмскиот фестивал во Ниш.

За Жегарац, филмските критичари велеа дека секогаш избирала „карактерни улоги“. Таа глумеше и во филмовите „Вариола Вера“, „Момчето што ветува“, „Окупација во 26 слики“ и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.