Реализирајќи го Фељтонот за Македонците во Загреб, распрашувајќи се, истражувајќи, хрватските домаќини без двоумење нè упатија дека сè ќе ни биде јасно доколку со најдобрата такси-компанија во градот „Камео“ отидеме во националниот ресторан „Св. Никола“.

Пријатно изненадување беше откритието дека такси-компанијата е сопственост на 36-годишниот Македонец, велешанецот Владо Миновски, како и дека тој со татко си Коста Миновски се сопственици на еден од најдобрите национални ресторни во центарот на Загреб, македонскиот национален ресторан „Св. Никола“. Уште поголемо изненадување ни беше сознанието дека групацијата „Камео“ работи не само во Хрватска, туку и во земјите во регионот, и дека минатата година имала обрт на капитал од 14 милиони евра.

Владо Миновски е сопственик на „Камео“. Тоа е една од најголемите хрватски такси-компании и групации, која покрај Загреб, работи и во 25 града низ Хрватска. Миновски го има проширено бизнисот и во Словенија и во Србија и вкупно поседува 700 такси-возила, со 1 200 вработени лица. Уште попознат е по софтверот „Такси-навигатор“, кој преку ГПРС-технологијата е современо ИТ-решение за ефикасна работа на такси-службите, според кој работат 12 000 возила во регионот, меѓу кои и во Македонија, Европа и во светот.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.