Хирургот Даи Ју спие исцрпен на подот на операционата сала по седум операции за девет часа без пауза.

Во понеделникот, кога била направена фотографијата, во болницата биле закажани 10 операции. Почнале во 8 наутро и без пауза оперирале до 17 часот, а потоа анестезиолозите морале да донесат нови боци, па седнал на подот малку да се одмори – и заспал. Тогаш го фотографирал еден колега.

Доктор Даи е заменик-директор на ортопедија во Центрaлната болница Лонганг во Шенжен

Скромниот хирург вели дека не е херој и дека должноста му е на своите пациенти да им обезбеди најбрзо и најдобро лекување. Кога се разбудил по петнаесетина минути, продолжил да оперира до 21 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.