Додека земјата се обидува да се справи со недостаток на квалификувана работна сила, законот што ќе им го олесни државјаните од земјите кои не се членки на ЕУ да добијат визи за работа во Германија ќе стапи на сила на 1 март. Тој предвидува проверка на знаењето по германски јазик и прецизирање на старосната граница, упорстување на процесот на признавање на професионалните квалификации и процедурите за виза.
Аранжманите што моментално се применуваат на дипломираните студенти се прошируваат и на имигранти со стручни квалификации и познавање германски јазик. Секторите што вклучуваат информатичка технологија и медицински персонал за нега особено се жалат на недостаток на работници.
Законот за доселување на квалификувана работна сила дозволува и имиграција со цел образование во Германија, а Меркел исто така најави забрзано издавање работни визи за професионалци кои ги стекнале сите услови.
Германија со новиот закон на почетокот на следната година треба да го олесни увозот на квалификувани работници надвор од Европската унија, објави канцеларката Ангела Меркел.
Каде да барате работа во Германија
Работниците на југот на Германија земаат значително повисоки плати од остатокот на државата. Највисоки плати годинава се забележани во пoкраината Хесе.
Највисоки плати имаат искусните лекари, кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто. Најниско платените работници во Германија се касиерите, готвачите, забните техничари, негувателите и возачите.
Но, тоа не е доволно и затоа мора да бараме квалификувани работници од надвор од ЕУ. Без доволно експерти, ниту една економија не може да преживее, предупреди таа во видеопорака.
Таа истакна дека потребата за експерти од странство се однесува не само на академски образовани работници, туку и на стручни професии.
Во моментов имаме голем број компании кои се очајни за квалификувана работна сила. Ако политичарите не се грижат доволно за професионалци, фирми и претприемачи ќе ја напуштат Германија, а ние тоа не го сакаме, предупреди таа.
За среќа, за Македонците новите правила нема да претставуваат потешкотија за заминување, зашто и досега важат истите услови. Единствено е различно што сега фокусот ќе биде ставен на стручноста на кадрите.
За одредени професии во кои се бара стручност старосната граница ќе биде повисока, зашто тазе дипломирани студенти невозможно е да го имаат потребното искуство. Истото ќе важи за некои раководни функции, нешто на што се уште не сме навикнати во Македонија. За подобра и поплатена работа, потребно е да се има Б2 ниво за познавање на јазикот.
Во Германија од почетокот на 2016 година на сила е т.н. Имиграциското правило од Западен Балкан, кое што не е ограничено само на квалификувани работници, туку се однесува и на неквалификувани работници.
Досегашната практика покажа дека најголем проблем е издавањето работни визи, бидејќи на состаноците во германските амбасади во земји како Србија или Босна и Херцеговина се чека и повеќе од една година.
Владата треба да донесе одлука во наредниот период дали ова правило ќе се укине кога новиот закон што важи за тие земји ќе стапи во сила на 1 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.