Денеска ги одржавме првите он-лајн предавања на студентите и со тоа успешно ја продолжуваме академската година и во време на пандемија, истакна деканот проф. д-р Лазо Пендовски на Факултет за ветеринарна медицина-Скопје.

По препораките на Министерство за образование и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, професорите од факултетот подготвиле он-лајн предавања а студентите со интерес ги следеле.

 

Мнозинството на студенти се вклучија во он-лајн предавањата за следење од дома кои беа за денешниот распоред и термините кои ги имаат професорите. Факултетот набави лиценци за користење на платформата ZOOM.US на кои професорите и студентите имаат свои акаунти, а задолжително е за сите. Очекуваме така да продолжи и во следниот период и ќе се трудиме да имаме успешна студентска година.“ вели деканот проф. д-р Лазо Пендовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.