Дваесет млади учесници на настанот за акцелераторската програма од проектот Employouth ги претставија своите иновативни бизнис планови пред комисијата на евалуатори и потенцијални инвеститори кој се одржа во Битола на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ).
Старапите се оние кои внесуваат оригиналност, иновативност и свежи идеи кои го менуваат светот. Сетоа тоа го прават брзо и со минимални трошоци зошто се со концепт да станат успешни компании. Тоа е начин на размислување кој ветува успех и токму тоа секој претрпиемач треба да го има, рече Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Според деканката на ФИКТ, Андријана Боцевска, доколку Универзитетите создадат услови, возможно да се создаде бизнис додека сте уште на студии.
На настанот присуствуваа гости од Универзитетот West Macedonia лоциран во Кожани, Грција, институција со која имаат долгогодишна соработка.
Универзитетската пилот програма за стартапи во Пелагонискиот Регион, организирана како дел од Еmloyouth, проект кој е финасиран од ЕУ преку Интерег програмата за прекугранична соработка со Грција, во пролетта ја креираше ПРЕДА плус фондацијата која оваа акцелераторска програма ја предаде на Факултетот за информациски технологии – ФИКТ.
Факултетот со овој проект обезбеди простор каде го смести акцелераторот и со својот менаџерски тим продолжи да го развива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.