Поставување на бренд на пазарот е темата на денешното кафе со екпертот Роланд, на која ќе се дискутира во „Јавна соба“ со почеток од 18 часот. Што е бренд и како може да го развиете вашиот бизнис тој ќе говори за тоа што е потребно за градење на наменски брендови.
Интересен факт според спроведеното истражување, 75% од потрошувачите во светот очекуваат брендовите да придонесат за нивното квалитетно живеење.
Роланд е бренд стратег и Marcom специјалист со над 15 години искуство во FMCG, малопродажба и рекламирање. Во Холандија, работел во маркетинг агенција, одговорен за клиенти и придонес за развој на брендови како L’Oréal, Heineken, Channel Discovery и Albert Heijn. Тој е дел од глобалната мрежа на експерти за брендови, кои ги користат нивните вештини за позитивни социјални и еколошки промени. Неговиот фокус е насочен кон изнаоѓање на начини за тоа како да се промовираат брендовите на дигиталните медиуми користејќи маркетинг алатки и тактики за ефикасно комуницирање до директните корисници. Тој во моментов работи како претприемач за програмата на #SwissEP.
Сите заинтереснирани предавањето можат директно да се пријават преку е-пошта ina@publicroom.org кое е со симболична цена од 150 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.