Британската брачна двојка Ендрју и Рејчел Монтаг заработиле неверојатни 30 милиони фунти за нешто повеќе од два месеци, пишува The Sun. На почетокот на карантинот во Велика Британија, тие ја отвориле фирмата ClearWater и започнале да тргуваат со средства за дезинфекција. Тие произведуваат 900.000 литри средства неделно, а веднаш штом започнале со работа, побарувачката за нивните производи била голема.

You needed them… we scoured the earth and found them. Push Pump dispensers are now available for our 250ml, 330ml & 500ml bottles.#ppe #returningtowork #nursesweek #sanitiser

Gepostet von ClearWater Hygiene Ltd am Mittwoch, 13. Mai 2020

Велат дека сакале да ги понудат производите по пристојна цена, откако виделе луѓе на кои што им продаваат шишиња за 30 фунти.

Сакавме да понудиме производи со висок квалитет по разумни цени и да го намалиме увозот на средства за дезинфекција од други земји“, рече Ендрју.

„Се започна кога еден член на семејство не контактираше со идеја на почетокот на март. Веднаш се согласивме и се фрливме на работа“, рече тој.

Со текот на времето, тие склучувале договори со клиенти и успеале да го прошират пазарот. Одредени средства за дезинфекција биле донирани на медицинскиот персонал низ целата земја.

Сето тоа се случи многу брзо. Јас бев воодушевен што луѓето ја препознаа нашата работа”, заклучи Ендру.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.