Согласно со Уредбата објавена во Службен весник бр.149 на 5.6.2020 со бр. 44-5004/1, сите активности на Универзитетската изборна комисија се ставени во мирување. Ова е соопштено на веб-страницата на Универзитетпт „Св. Кирил и Методиј“.

Тројца кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професорите Вујица Живковиќ, Драги Димитриевски и Петар Атанасов, вчера ги поднесоа своите кандидатури затоа што, како што соопштија, биле принудени  бидејќи  рокот  истекуваше во 16 часот, а Универзитетската изборна комисија не го имаше стопирано конкурсот како што предвидува Уредбата за примена на Законот за високо образование  што Владата ја допрецизираше во петокот.

Уредбата предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба мандатот, постапките за избор ќе започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.