Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засновани на резултатите што ги постигнале учениците во текот на целата година преку редовната настава, како и преку активно учество на онлајн-платформите и мрежите, е-портфолиото, објави Алсат м.

Ќе се засноваат и на други начини за бележење на нивните трудови – белешки водени од наставниците, кои можат да се добијат преку разни видови размена на трудови (домашна работа, вежби и проверки, есеи, проекти, презентации, цртежи, слики и др.) кои учениците може да им ги обезбедат на наставнците преку е-пошта или преку избрана мрежна платформа.

Сите формативни оценки и согледувања на наставникот во текот на реализацијата на онлајн-наставата ќе се користат за формирање на сумативнаа оценка за трето тримесечје на секој ученик во паралелка. Оценките за третото тримесечје (описни за ученците од прво до шесто и бројчани за ученици од седмо до деветто одделение)  наставникот ги внесува во соодветниот  Евидентен лист (објавен на веб-страницата на Бирото за развој на образованието).

И во основното, и во средното образоване, наставникот ќе ги користи оценките од прво тримесечје, прво полугодие и трето тримесечје  за да ја формира оценката на крајот на наставната година. (Кај основците – описна оценка за учениците од прво до трето и бројчана за учениците од четврто до деветто одделение). Сите оценки за време на вонредната состојба наставниците ги внесуваат во Е-дневник.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.