Aдвокатот Мирослав Вујиќ е нов член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво откако Никола Танасоски поднесе оставка, соопшти Друштвото на Македонска берза.
Претходно изборот на Вуиќ за независен член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво е одобрен од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
Во Надзорниот одбор остануваат и реизбрани се Аљоша Уршич, Блаж Кметец и Дарко Поповски. Уписот на промените е извршен и во Централниот регистар.
Истовремено, Триглав осигурување АД информира дека на Собранието на акционери закажано за 25 декември годинава дека Војдан Јорданов кој е актуелен директор на Триглав пензиско друштво ќе биде избран за нов член на Управниот одбор на Триглав осигурување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.