За многу од нас, китењето елка и украсувањето на домот се омилени обичаи поврзани со новогодишните празници. Иако повеќето од нас елката и подароците сентиментално не поврзуваат со славењето на Нова година, сепак многу од луѓето не знаат зашто всушност китиме елка и како започнала таа традиција.
Елката, како зимзелено дрво, ги симболизира животот, но и надежта дека после зимата, пак ќе дојдат топли и убави денови. Иако не може да се тврди со сигурност, се верува дека овој обичај започнал да се практикува во Северна Европа пред околу 1000 години. Во многу делови на Европа се користелe други дрвја, не само новогодишни елки. Кога не можеле да си дозволат вистинско дрво, луѓето правеле пирамиди од дрво и ги украсувале со јаболка, свеќи и хартија за да изгледаат поубаво.
Една од легендите поврзани со обичајот на украсување на елката зборува за потеклото на овој обичај. Легендата вели дека еден ден, еден шумар седел со семејството во неговата колиба. Тие биле собрани околу огнот за да се стоплат за време на студената зима. Во текот на вечерта, некој тропнал на вратата. На вратата стоело момче предмрзнато од студот, па шумарот и неговото семејство великодушно го прифатиле. Му дале јадење и го оставиле да спие во креветот на нивното најмало дете, кое таа вечер го делело креветот со неговиот брат. Кога се разбудиле наутро, на Божиќ, семејството го поздравило ангелски хор и сфатиле дека момчето што го примиле е самиот Исус Христос. Во знак на благодарност, тој им подарил гранче ела и оттогаш меѓу народот започнала традицијата на употреба на елката како симбол за Нова Година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.