Се потоплите зими и глобалното затоплување придонесоа бројот на змии во природата од година во година да биде се поголем и забележливо е нивното поголемо присуство крај и во човековите живеалишта. Ги има во дворовите, на патиштата, на улиците во парковите, а во некои случаи змии се забележани и во домовите, но за среќа барем засега не се забележани каснувања на луѓе.

Топлото време во котинуитет придонесува рептилите да бидат се поголеми и дури во поретки случаи да се забележат и примероци поголеми од три метри. Нивното се почесто присуство во дворовите. Повеќемина граѓани кои коселе поголеми тревнати површини велат дека просто е неверојатно колку змии има во природата, и мораат да носат високи чизми за да не бидат каснати од опасните отровници. И само на една ливада забележале десетина примероци змии и смокови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.