Првата голтка лизга низ грлото оставајќи сладникавост врз сетилата за вкус. Веќе втората голтка ви ја буди фантазијата дека кога  свилата извезена со злато би се претворила во пијалок би ја добиле ракијата Сковин Спешл (Skovin Special).

Ова е дефинитивно пијалок со специфичен карактер, искален преку повеќегодишна инспирација од традиционалните рецепти и усовршен до перфекција. Златен оган, кој ве носи до уживање преку кое ќе заборавите на другите пијалоци. Делува моќно, ги опушта мускулите, го стоплува срцето и ја воздигнува душата. Ваш идеален пријател кога сте осамени, но перфектен и во друштво и неверојтен кога се споделува со љубов.

Плени со длабоката златно-килибарена боја. Вкусот е кремав, суптилен и комплексен со доминација на ноти на суви овошја, слатки зачини, путер, ванила и темно чоколадо.

Сковин Спешл е новата уникатна приказна за создавање ексклузивна ракија како елемент на традицијата на винаријата Сковин.

Нивната приказната за ракијата почнува од лозјата, кои се протегаат на ридетистите падини на Водно, почнува од тероарот, влијанијата од составот на почватта и климата. И традицијата
Еколошки чистата средина и големиот број сончеви денови овозможуваат висок процент на шеќер и квалиет на грозјето.

Дестилација на ракијата е доведена до уметност, добиена со ферментација на зрело и внимателно селектирано грозје од повеќе видови.

Зад секое шише ракија стои тимот на технолози кои го даваат нејзиниот карактер и нивните вештини и особености кои го отелотворуваат карактерот на Сковин Спешл.

Како што велат од винаријата:

Го постигнавме стилот на нашaта Сковин Спешл која е дизајнирана за оние кои пијат ракија, кои бараат префинет и елегантен вкус со висок квалитет.

 

Љубовта кон овој традиционален пијалок е истрајна, постојана и ќе продолжи во иднина со посветената работа и континуирани инвестиции во квалитетот на лозјата.

 

Со современата култура ракијата станува наш заштитен знак и елемент на идентитет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.